Тинејџер на новогодишната ноќ кршел се пред себе во болница во Загреб, велат хрвaтските медиуми.
Според информациите момчето било на возраст од 14 години, а кога дошол во болницата тој имал 4 промили алкохол во крвта. Бил однесен на детоксикација, а при крајот на процесот започнал да дивее и да крши врати, прозорци и телевизори.
Докторите и обезбедувањето во болницата се обиделе да го смират пијаниот тинејџер, но кога не успеале повикале полиција која го совладала и го пренела во психијатриска болница за деца и млади.