Свет

Германскиот Бундестаг го одобри владиниот план за модернизација на армијата

Германскиот Бундестаг го одобри владиниот план вреден 100 милијарди евра за модернизација на армијата.

Одобрувањето дојде во форма на одговор објавен од канцеларот Олаф Шолц по повод рускиот напад врз Украина, пренесува Ројтерс.

За формирање на специјалниот воен фонд гласаа 567 пратеници, а доволни беа 491 глас. Против гласаа 96 пратеници, а 20 беа воздржани, пренесоа германските медиуми.

Пратениците попладнево го изгласаа предлог законот. За предложениот закон гласаа 593 пратеници, 80 беа против, а седум беа воздржани.

За да се усвои посебен фонд, горниот дом на парламентот треба да го изгласа, а за усвојување е потребно двотретинско мнозинство.

На почеток