Москва се противи на нацрт-резолуцијата на МААЕ за Иран

Од
Објавено на

Русија се противи на нацрт-резолуцијата за Иран, претставена од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и иранскиот министер Хосеин Амир Абдолахјан.
Иранското министерство наведува и дека рускиот министер нагласил дека Москва е одлучно против предлог-резолуцијата предложена до Бордот на гувернери на МААЕ од САД и Германија, Велика Британија и Франција, пренесува ТАСС.
Од руското МНР не соопштуваат детали по разговорите меѓу министрите.
