Коментари

Мицкоски најави инфраструктурен бум во Битола, па доби коментар: Чоек сликаш една улица, со три слики од тебе

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи се пофали дека во Битола се случува инфраструктурен бум.

„Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија. Ги повикувам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне да победува!“, напиша Мицкоски во описот на фотографите кои ги објави.

Но, најголемо внимание привлече еден од коментарите под фотографиите, во кој лидерот беше искритикуван дека објавил повеќе фотографии од себе, отколку од улицата.

„Чоек имаш сликано само 1 улица и 3 слики од тебе. Ало“, стои во коментарот.

 

На почеток