(ФОТО) Малолетник ја прегазил жената која почина на близу Пластичарска во Скопје
Од
Објавено на
47 годишна жена денеска беше прегазена пред клучката кај Бит Пазар.
Таа го преминувала булеварот преку жардињерите, на место каде нема означен пешачки премин.
– На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул.“Никола Карев“ патничко моторно возило “сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје. Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт, информира МВР.