Коментари

Да отвориш клуб и да го наречеш Ванчо Михајлов, може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи во врска со клубот Ванчо Михајлов во Битола.

„Да отвориш клуб на културата во Македонија и да го наречеш Ванчо Михајлов (кој со културата има допирни точки како риба со велосипед) може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, да продуцираш конфликти и да ги користиш секогаш кога ќе ти притребаат.

Елементарна дипломатска култура ќе покажеа кога ги видоа реакциите во Македонија да го променат името на клубот.

Меѓутоа, во случајот очигледно постои и умисла и намера за создавање и одржување непријателство меѓу Бугарите и Македонците“, вели Најчевска.

На почеток