Македонија

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.

Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.

Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.

Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.

За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.

Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

To Top