Мицкоски по секоја цена го брани криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ
И покрај бројните судски пресуди за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и последната за предметот Талир 2, Христијан Мицкоски упорно не се оградува од криминалот на неговата партија, вели СДСМ
„Тоа само кажува дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски дека е на страната на криминалот.
По судската пресуда за Талир 2 каде се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ криминално се стекнала со имот, најмалку што Мицкоски можеше да направи е да се огради и извини за криминалните зделки од епски размери.
Но наместо тоа Мицкоски по секоја цена го брани криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија заглавена во режимска матрица која работи единствено на штета на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.