Свет

Вучиќ денес на средба со германскиот канцелар Шолц

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е домаќин на денешната посета на канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со кој ќе има разговор.

По пречекот на канцеларот Шолц на аеродромот „Никола Тесла“ во 15 часот, ќе следи свечен пречек пред Палатата Србија. Потоа, претседателот на Србија и германскиот канцелар ќе имаат „тет-а-тет“ разговор, соопштија од службата за соработка со медиумите на претседателот.

По средбата планирани се пленарни разговори меѓу делегациите на Србија и Германија, кои ќе ги водат претседателот Вучиќ и канцеларот Шолц.

По пленарните разговори, Вучиќ и Шолц ќе се обратат пред медиумите.

На почеток