Македонија

Изминаа 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, министерот за транспорт и врски никаде го нема, вели Ивановски

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, вели Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

„57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.

А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.

Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.

Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.

Премногу е“, додава тој.

На почеток