Потрагата по исчезнати под рушевините на зградата во Магниторск во Русија заврши. Конечниот број на жртви е 39, велат од руското Министерство за вонредни ситуации.
Министерството денес прогласи крај на потрагата во која учествуваа стотина спасувачи отако на 31 декември поради експлозија на гас дојде до рушење на дел од зградата.
Единствено преживеано е 10 – месечното бебе.
Бебето е во болница во Москва, со потешки повреди, но неговата состојба е стабилна.