Македонија

Резолуција на ЕПП со Бугарски ставови, Мицкоски дома зборува едно надвор прави друго, вели СДСМ

Христијан Мицкоски лично учествуваше на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), кој донесе Резолуција, која ги промовира и поткрепува ставовите на Бугарија, вели СДСМ

„Лицемерниот Мицкоски од една страна ги поткопува државните позиции во клучни моменти за нашата интеграција во ЕУ, а од друга страна продава лажен партиозиам.

Се покажа уште еднаш дека Мицкоски едно зборува дома, сосем друго надвор, а работи против интересите на државата.

Резолуцијата на ЕПП е спротивна на Декларацијата за македонските позиции и црвени линии, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии.

Јавноста уште еднаш се увери во лажниот патриотизам и нечесноста и антидржавното делување на Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението.

На почеток