Скопје

Казнети 30 пијани возачи во Скопје

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 часот на 11.06. до 05.00 часот на 12.06.2022 на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 30 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај и ќе бидат соодветно санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток