Свет

Контејнери со опасни хемикалии паднаа во море, се стравува од загадување на природата

Околу 270 контејнери, од кои дел се со хемикалии, паднаа во морето кај германскиот град Боркум. Тие паднале од товарниот брод „MSC Zoi“.

Контејнерите стигнале до северната обала на Холандија.

Стражата веднаш почнала со истражување на Северното море бидејќи се стравува од загадување на природата на пет острови, вклучувајќи го и Тершелинг во Холандија.

Надлежните велат дека три исчезнати контејнери имаат хемикалии, а германската и холандската стража апелираат до граѓаните да не се доближуваат до плажите.

Бродот е најголем во Европа и истиот има капацитет за пренос на 19.000 контејнери.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток