Каква е поврзаноста на бандите од Грчец и наркотрговијата со полицијата на Спасовски, вели ВМРО-ДПМНЕ
Не сакаме да навлегуваме во внатрешните односи на СДСМ и прес конференциите на Кузеска, но очигледно е дека нема водач во бродот кој тоне, СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Како тоа Кузеска збори за рекет на ВМРО ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Тогаш ако тоа е точно, што прави МВР на Спасовски?
СДСМ партијата која го воведе Рекетот во политиката.
Денес Богданка Кузеска требаше да излезе и да каже каде се 8-те милиони евра кои завршиле според осудените во овој случај во рацете на Вице и Зоран Заев.
Воедно Богданка Кузеска е добро да каже каква е поврзаноста на партијата со агенцијата НИКОБ чии вработени се осомничени за насилен рекет.
Каква е поврзаноста на бандите од Грчец и наркотрговијата со полицијата на Спасовски?
Причината за ваквите прес конференции може да се гледа единствено од нервозата поради слабиот рејтинг што се потврдува со сите релевантни анкети“, се вели во соопштението.