Свет

Во Перу запленети 2,2 тони кокаин, распишани потерници за двајца Албанци

Перуанската полиција заплени 2,2 тони кокаин, кој по морски пат требало да биде пренесен во Холандија.

Дрогата била скриена во конзерви со аспарагус, уапсени се седум Перуанци, а по двајца Албанци биле распишани потерници, објави ABCnjuz.al. Шефот на Управата за борба против дрога, Цезар Ечеварија, рече дека организацијата за шверц на дрога ја воделе двајца албански државјани.

– Станува збор за криминална организација поврзана со Колумбија, Еквадор и Албанија – изјави Ечеварија.

Според него, полицијата соработува со Меѓународниот полициски оддел во потрагата по двајца албански државјани кои како логистички помагачи пристигнале во Перу во координација со албанската мафија. Ечеварија рече дека оваа организација плаќа лекови со биткоини.

На почеток