Македонија

Ковачевски денес на средба со Ердоган

Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска во рамките на неговата работна посета во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Како што информираат од владината прес-служба, средбата на Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.

На почеток