Свет

Ердоган ја отфрли можноста за распишување предвремени избори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со турската младина ја отфрли можноста за распишување предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција.

-Тие (опозицијата) бараат датум за избори. Изборите ќе се одржат во јуни следната година. Во ноември нема да има предвремени избори, рече Ердоган.

Тој го повика опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу, првиот човек на Народно-републиканската партија, „прво да се подготви“ и да објави дали ќе се кандидира на претседателските избори, пренесува ТАСС.

На почеток