Свет

Финска нема да се приклучи на НАТО без Шведска

Финскиот претседател Саули Ниниште го предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека неговата земја не планира да се приклучи на Алијансата без Шведска.

„Јасно кажав кога последен пат ја посетив Шведска. Во Шведска велат дека финското прашање е и нивна работа, исто како и кај нас велат дека шведското прашање е исто така наша работа. Тоа значи дека одиме кон тоа рамо со рамо“, рече Ниниште на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Хелсинки.

Тој додаде дека е изненаден од позицијата на Турција која се противи на влезот на Финска во НАТО.

„Бев изненаден од позицијата на Турција, но треба сериозно да ги сфатиме прашањата што ги засегаат“, рече финскиот лидер, нагласувајќи дека се надева оти ќе успеат да најдат решение кое ќе одговара на сите.

Коментирајќи ги барањата на Истанбул, Столтенберг од своја страна изјави дека тоа се легитимни грижи, бидејќи се работи за тероризам и извоз на оружје.

Како што истакна, треба „да се запамети и да се знае дека ниту еден сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција“.

Поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во Алијансата.

Турција го блокираше почетокот на процесот на разгледување на овие апликации. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да верува во нивните гаранции за односите со претставниците на Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција.

На почеток