Македонија

Вистината боли, Македонија има една од највисоките инфлации, вели опозицијата

СДСМ реагира на објавените податоци за инфлацијата со мај 2022 година зошто вистината ги заболе до коска. Во постот на г-ѓа Маја Кадиевска Војновиќ, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, убаво стои “од објавените податоци со мај”, што значи дека се коментираат само објавените податоци со мај, а тие што не се објавени нормално и не може да се коментираат. А каква е ситуацијата со април ако СДСМ сакаат да знаат колку се успешни во справување со инфлацијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„И во април 2022 година, Македонија има една од највисоките стапки на годишна инфлација од 10,5%. Само 12 држави имаат повисока инфлација од нас (со Турција 13 којашто е екстерем со 70% годишна инфлација), додека 23 држави имаат пониски годишни стапки на инфлација од Македонија. Пониска инфлација во април имаат и земјите од регионот како: Хрватска, Србија, Грција, Словенија и Албанија.

Воедно, и во април и мај инфлацијата во Македонија е повисока од просекот во еврозоната и во Европската Унија. А каква ќе биде инфлацијата во јуни по прекинот на мерките од страна на оваа Влада на СДСМ и ДУИ? Ќе ја вивнете ли Македонија според инфлацијата до врвот на листата?

Но, суштината е дека лошите политики на оваа Влада и на централната банка, закаснетата реакција и не-континуираната борба за сузбивање на инфлацијата нѐ втурнаа во историски висока инфлација, највисока од 1995 година наваму. Инфлацијата сите ја чувствуваме, како што ја чувствуваме и неспособноста на оваа Влада да ги реши предизвиците пред коишто е исправена.

Колапсот во домашниот енергетски систем заради криминали, којшто ни услови скап увоз на електрична енергија и губење на девизни резерви, хаосот на преземени и сега прекинати мерки за намалување на инфлацијата, креирањето на јавен долг до плафон без да се стимулира економски раст и којшто ќе тежи на идните генерации – Е ВИСТИНАТА КОЈАШТО БОЛИ.

По остварениот економски раст од 2,4% во првиот квартал на 2022 година сме на дното во Европа! Зошто за ова не реагираше СДСМ? Или си ја призна неспособноста!

Доста е! На протест и на предвремени парламентари избори“, се вели во соопштенито.

На почеток