Свет

Бајден ги продолжува вонредните мерки за Балканот

Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.

„Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението Белата куќа.

Затоа, додава Бајден, неопходно е да се продолжат вонредните мерки прогласени со Извршниот декрет 13219 кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот, пренесува Срна.

Указот е веќе продолжен во 2021 година и може да биде продолжен доколку претседателот ја објави одлуката во Федералниот регистар и поднесе известување до Конгресот.

На почеток