Турција нема да се согласи на компромис со земјите кои го поддржуваат тероризмот и терористичките организации


Претседателот на Турција ќе им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека неговата земја нема да се согласи на компромис во однос на приемот на Финска и Шведска.
Анкара останува цврсто на својот став кога е во прашање приемот на тие две земји во НАТО, соопштуваат од кабинетот на Реџеп Таип Ердоган, што треба да стави крај на гласините за Тусрка да „направи отстапки“.
Ердоган на претстојниот самит на НАТО во Мадрид ќе каже дека „Турција нема да се согласи на компромис со земјите кои го поддржуваат тероризмот и терористичките организации“.
Да потсетиме, Финска и Норвешка официјално аплицираа за членство во Алијансата, но Турција веднаш реагираше и ги блокираше првите чекори на тие две земји. А за да стане една земја членка на НАТО, потребно е позитивно да се изјаснат сите 30 членки.
