Свет

Три земјотреси погодија ирански остров, почувствувани и во Дубаи

Три земјотреси денеска ја погодија областа во близина на јужниот ирански остров Киш, а беа почувствувани и во Дубаи и други области низ Персискиот Залив.

Геолошкиот топографски институт на САД соопшти дека два земјотреса биле со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а следел и земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала кај островот кај Ормунското Море.

Иранската државна телевизија јави дека спасувачки екипи се испратени во градот Џена во провинцијата Хормозган, иако засега нема информации за жртви или дека е причинета материјална штета, пренесува АП.

На почеток