„Ќе се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот“, Рама најави разделба од Македонија ако не стаса покана од ЕУ
Рама потврди дека ако нема напредок овој месец, тој ќе побара кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на Македонија, потег што ЕУ досега не сакаше да го преземе.
Во интервју за Политико, Рама рече дека е песимист.
– Немам очекувања. Мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и Северна Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап – рече тој.
Рама потврди дека ако нема напредок овој месец, тој ќе побара кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на северна Македонија, потег што ЕУ досега не сакаше да го преземе.
Официјалните лица велат дека регионалната стабилност би била подобра доколку двата соседа напредуваат заедно.
– Ако ништо не се случи во јуни, ќе сакаме да се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот. Убеден сум дека тоа е она што треба да го направиме, а потоа ќе видиме дали (лидерите на ЕУ) ќе се согласат или не, ќе видиме – рече Рама.
Во интервју за Политико, Рама ја поддржа идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, организација која ќе биде отворена и за членки и за не-членки.