Магазин

2.1 милиони евра ЕУ-грант за Ancienne Belgique и 19 други Liveurope музички сали, меѓу кои и МКЦ Скопје

2.1 милиони евра ЕУ-грант за Ancienne Belgique и 19 други Liveurope музички сали, меѓу кои и МКЦ Скопје. Средствата ќе бидат искористени за поддршка на млади европски музички изведувачи преку Liveurope мрежата. Грантот ќе ѝ овозможи на Liveurope да продолжи со зајакнување на циркулацијата на нови европски таленти во следните три години. Од 2014 година, поддржани се преку 2900 концерти на млади европски изведувачи. Со зголемен буџет и додавање на 5 нови концертни сали, Liveurope ќе игра суштинска улога во музичкиот сектор со тековно закрепнување по ковид-пандемијата.

МКЦ Скопје е единствената концертна сала што не е дел од Европската Унија, и е полноправен член од 2022 година. Со помош на Liveurope-механизмите веќе дел од македонските нови изведувачи почнаа да „циркулираат“ во Liveurope-мрежата. Дина Јашари забележи настапи во Мочвара (Загреб) и А38 (Будимпешта), а веќе во јули има закажано настап во Кино Шишка (Љубљана). Скопскиот бенд „21 век“ исто така настапи во Загреб, Љубљана и Будимпешта, а за 17 јуни свој настап во А38 (Будимпешта) ќе забележи и постпанк/емокор-квартетот YOU, кои ќе имаат настап заедно со легендарните BLACK LIPS.

Основана во 2014 година од AB со финансирање од Европската Унија, Liveurope поддржува врвни концертни сали низ континентот за да поттикне повеќе перспективни европски уметници. Преку прогресивен механизам за бонус, платформата дистрибуира грантови на своите членови пропорционално на бројот на млади европски уметници што се селектирани во програмата на членовите на Liveurope.

„Мислам дека музичкиот бизнис во моментов може да ја искористи сета поддршка што може да ја добие. Особено млади уметници во подем! Мојот детски сон беше да настапувам на меѓународно ниво. Благодарение на Liveurope имав привилегија да можам да го остварам тоа. Навистина почнав да ја ценам Европа преку музиката и културата“ – Фронтменот на The Haunted Youth, Јоаким Либенс.

Во 2022 година, Liveurope влегува во нова фаза со годишно зголемување на буџетот од 40% (од 500.000 евра во 2021 година на 700.000 евра во 2024 година) и со вклучување на 5 нови концертни сали (од 15 на 20 полноправни членови). Со вкупен грант од 2,1 милиони евра за три години, платформата има за цел да игра активна улога во тековното закрепнување на музичкиот сектор по пандемијата. Тоа ќе овозможи поголем број музички изведувачи да настапуваат низ Европа и концертните сали да презентираат повеќе европска музичка разновидност на својата публика.

„Liveurope го покажува патот напред во прекуграничната циркулација на новите таленти во Европа. Ја истакнува моќта на концертните места како средства за промовирање на додадената вредност на Европа во животите на луѓето. Се надеваме дека ќе можеме да ја отвориме платформата за уште повеќе концертни сали во иднина за да продолжиме да го засилуваме нашето влијание“ – Том Бонте, генерален директор на Ancienne Belgique.

Liveurope, исто така, воведува нови приоритети и активности за дополнително зајакнување на своето влијание врз секторот и промоција на европската различност. Платформата активно ќе се вклучи на итни општествени теми како што се екологијата и родовата еднаквост, поттикнување на прекугранични дискусии меѓу членовите и изнаоѓање конкретни алатки за справување со овие прашања. Претстојните изданија на водечкиот ротирачки фестивал Liveurope ќе бидат подобрени со вклучување на сесии за обука и тренинзи за понатамошна поддршка на уметниците во развојот на нивните кариери.

Liveurope во бројки:

+2900 концерти со нови европски таленти поддржани за 7 години, вклучувајќи ги сега веќе етаблираните имиња како Rosalia (ЕС) и МØ (ДК)
63% зголемување на бројот на новите европски ненационални уметници селектирани по концерна сала во просек пред Ковид 19
Зголемување на тиражот на неанглиски репертоар за 30%.
Годишно зголемување на буџетот од 40% (од 500.000 евра во 2021 година на 700.000 евра во 2024 година)
54% зголемување на бројот на полноправни членови од 2014 година (од 13 на 20)
Погледнете го 7-годишниот извештај на Liveurope: https://impact.liveurope.eu/
фото: Altin Gun, A38 Будимпешта, 09.02.2020 © Norbert Marossy

LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.

To Top