Македонија

Осум лица фатени со дрога

На 14.06.2022 во 19.55 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.06.2022 во 23.40 часот на ул.„Павел Шатев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.У.(33) од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.06.2022 во 02.10 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.06.2022 во 00.05 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.06.2022 во 21.05 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.06.2022 во 22.50 часот на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.06.2022 во 21.30 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода М.И.(37) и М.З.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток