Македонија

Домаќинствата кои произведуваат струја од 1 јули ќе може да ја продаваат

Денес имав прилика да го потпишам новиот правилник за обновливи извори на енергија, со кој крајно во нашата држава ќе се овозможи на сите граѓани и компании да произведуваат електрична енергија на нивните покриви, а воедно и да ја продаваат на откупувачот или пак на дитрибутерот на електрична енергија, вели министерот за економија, Бектеши.

„Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации, да ја преземе вишокот на електрична неергија со тоа што ќе може да се направат дополнителни фактури на секои шест месеци, со што ќе може да им се намалат сметките или согласно договорот да им се плаќа на домаќинствата или правните субјекти. До овој момент инсталираната сила била 4 киловати за домаќинста, ја зголемуваме на 6 киловати, 20 било за малите потрошувачи сега ја зголемуваме на 40 киловати. Министерство за економија ќе почне и со мерка со која што до 30% од трошоците за инасталирање за вакви технологии на крововите на домаќинствата, ќе ги покрива министерството за економија до 1000 евра“, додаде тој.

Секое домаќинство од 1 јули ќе може да почне со вакви инвестиции, изјави министерот Бектеши.

На почеток