Македонија

Цените на храната, горивата и струјата денес се и до 100% поскапи во споредба со периодот од пред 1 година, вели ВМРО-ДПМНЕ

Премногу е, заради СДСМ храната, горивата и струјата се поскапи и до 100%, инфлацијата го уништи стандардот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Цените на храната, горивата и струјата денес се и до 100% поскапи во споредба со периодот од пред 1 година. Литар масло е поскап за 107%, килограм брашно за 83%, литар млеко за 47%, килограм шеќер за 36%, горивата се поскапи и до 80%, а струјата е поскапа за 30% со најава за ново зголемување во јули.

Дали и после ова некој верува дека инфлацијата е 12%? Народот секојдневно гледа и чувствува по сопствениот џеб дека тоа што лани го купувал за 500 денари, сега не може да го купи ниту со 1.000 денари.

Услугите кои се должни да ги дадат институциите и власта не се достапни за народот, затоа што корупцијата е широко распространета, а правдата недостапна.

Нема убиство во изминатава година кое некој од власта не се обидел да го сокрие. Така беше со убиството на ракометарот Тот, така е сега со убиството на младото момче во струмичко.

Крадците и полицијата станаа едно, па се краде оружје од станица, и никој за тоа не одговара.

Нема ниту една инвестиција. Нема пари за народот, но затоа тие крадат на тендери и имаат 1.4 милиони евра за Заев преку МЗШВ.

Оваа влада ни ја одзема и иднината, ЕУ е далечен сон. Ковачевски ја понижува државата каде ќе стигне, и нема никакви изгледи дека нешто ќе се промени. Премногу е. Протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

На почеток