Македонија

Љупчо Николовски да поднесе оставка поради манипулирање со сточарите и земјоделците, вели Левица

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој во минатиот состав на Владата беше задолжен за спречување на корупцијата, во февруари вети исплата на субвенциите за сточарите. Сега, на прагот од летото, сточарите немаат добиено ниту денар од предвидената помош која им ја ветуваше Николовски, велат од Левица.

„Од Здружението на сточари Агро Центар, веќе најавија излегување на протест, доколку субвенциите не се исплатат веднаш.

Љупчо Николовски е само еден од челниците на Владата на СДСМ и ДУИ, кој континуирано манипулира со судбината на работниците и земјоделците, во услови на тешка економска криза.
На 8 февруари 2022 година, Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година. Веднаш, одгледувачите на овци го изразија своето незадоволство со одлуката на министерот Николовски, со која вредноста не главната мерка за одгледување на овца се намали од 1 300 денари на 1 000 денари.

Пред месец дена, до министерот Николовски пристигна реакција и од Здружението на свињарски фарми во Република Македонија, како реакција за исплатите од интервентниот фонд кои им ги кратат редовните исплати од субценциите.

Една од причините за незадоволство на сточарите се однесува на претходно договорената сума од 1 300 денари со тогашниот министер Аријанит Хоџа, што дополнително укажува на вистинските мотиви и идеолошката насока во која се движи владејачката гарнитура. Првично преку ветувања, по кои следат кратења на средствата кои ќе одат во корист на народот.

Во екот на најголемата економска рецесија во минатите петнаесет години, продолжува да се ниже низата на скандалозни дејствија на владата на СДСМ и ДУИ насочени против обичните граѓани. Сегашната кризна рамка, во поглед на економијата и енергетиката, се надоврзува на претходната предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а ќе биде увертира на општата кризна состојба во поглед со храната која се прогнозира за следната зима.

Сево ова ќе доведе до ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА и социјални тензии, и партиите кои се убрзувачи на овие процеси не можат да дадат одговор! Повикуваме на оставка на министерот Љупчо Николовски, како и на Владата, за да се запре преминувањето на сегашната криза на грбот на обичниот народ.

Како и претходно, Левица апелира до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата да запре извозот на житни култури од Република Македонија, со цел сточарите да можат да ја обезбедат потребната храна за своите фарми. Дополнително, да се исплаќаат навремено субвенциите за да може да се плати и сточната храна.

Сточарите СЕУШТЕ НЕМААТ СУБВЕНЦИИ, и покрај ветувањата на Љупчо Николовски“, се вели во соопштението.

На почеток