Македонија

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се загубија, бугаризација и асимилација се очајна лага и опасна манипулација, вели СДСМ

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ комплетно го изгубија компасот. Асимилација и бугаризација на Македонците и македонскиот народ очигледно е само желба на Мицкоски и очајнички лаги за заплашување на граѓаните, вели СДСМ

„Исклучитечно опасни манипулации и тези со кои се поткопуваат нашите загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија користи ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се дирекнто на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти. Лицемерието нема крај“, се вели во соопштението.

На почеток