Дурловски ќе пее утре на протестот на ВМРО-ДПМНЕ
Оперскиот изведувач Игор Дурловски објави дека и утре ќе ја пее македонската химна на почетокот од опозицискиот протест што го организира ВМРО-ДПМНЕ во Скопје а на кој се најавени десетици илјади присутни.
„За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија”, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки.
Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу…Ќе пејам бидејќи да пејам од срце- најдобро знам“, објави Дурловски.
Протестот ќе започне утре во 20.00 часот пред зградата на Владата.