Магазин

Девојките од „Фрајле“ утре со концерт пред платото на МОБ

Утре пред платото на МОБ, миленичките на македонската публика, „Фрајле“ ќе одржат концерт.

Девојките во Скопје допатуваа два дена порано, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.

„Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа – велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.

На почеток