Јанчев ја откачи Карлеуша за Ламбе
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека е можно Ламбе Алабаковски да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, откако вчера градскиот татко соопшти дека е откажан планираниот настап на српската пејачка Јелена Карлеуша.
„Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиното место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од Балканот, а можно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калиопи, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело, изјавил Јанчев за ММС.
Ламбе Алабаковски оваа недела беше пуштен од домашен притвор, кој му беше одреден откако беше уапсен за потпалувањето на влезот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.