Општина Карпош: Сочувствуваме со проблемите на граѓаните кои живеат во субстандардни услови
Сочувствуваме со проблемите кои што ги имаат граѓаните кои го изразуваат својот револт, а живеат во Тафталиџе на улица Теодосиј Гологанов, велат од Општина Карпош.
„Општината бара начин како да им помогне на овие жители кои се староседелци и живеат во субстандардни услови, а некои веќе и со срушени куќи, да можат за себе и за своето семејство да имаат пристоен дом како сите останати во Карпош.
Живот со кров кој протекува, спални со мувла, со недоволна инсолација – осветлување, употреба на септички јами, енормни трошоци за затоплување зошто се работи за градби од средината на минатиот век, е под секое достоинствено човечко ниво, затоа час поскоро планерската куќа која го изработува ДУП-от и стручните служби од општина Карпош ќе излезат со предлог ДУП за јавна анкета за овој дел од општината“, се вели во соопштението.