Скопје

Скопјанец избегал од затвор, го барале со потерница

На 15.06.2022 во 13:55 часот на ул.”Мишко Михајловски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода Г.М.(43) од Скопје.Тој бил баран со централна потерница од КПУ-Идризово поради бегство од затвор, а бил осуден на затворска казна од една година и еден месец за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во установата за издржување на казната.

На почеток