Амбер Херд: Најлошо е кога не ти веруваат и те понижуваат
Целото интервју на Амбер Херд со Савана Гатри беше објавено вчера за NBC News Dateline, а Амбер во разговор изјави дека е застрашувачки тоа што адвокатскиот тим на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп ја прашал за нејзините обвинувања за сексуален напад.
„Најлошото и најстрашното нешто за секој кој зборува за сексуално насилство е да не му се верува, да му се каже дека е лажго и да биде понижуван“, рече актерката.
Таа вели дека не зборувала за сексуалниот напад бидејќи би бил лош начин на одмазда.
„Ова би бил многу лош начин на одмазда. Колку и да е глупаво да го кажам тоа гласно, мојата цел е само да ги натерам луѓето да ме гледаат како човечко суштество“, рече Амбер.
Таа тврди дека била повредена од „омразата и гневот“ упатени кон неа поради судењето, но дека не жали што таа го покренала случајот.