Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.
На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.
Забраната за тешки моторни возила за патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува“, велат од Македонијапат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.