Колку чинеше дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, дали пропаднатиот митинг надмина 300.000 евра, прашува СДСМ
Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неуспешноста на вчерашниот митинг на Христијан Мицкоски упати јасна порака дека граѓаните не се за деструкции и блокади и не сакаат предвремени избори, вели СДСМ
„Но колку чинеше дебаклот на ВМОР-ДПМНЕ?
Математиката е едноставна.
На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.
Превоз за 20.000 членови чини околу 200.000 евра. Ако на тоа се додадат и останати трошици за нив, вода, сок, сендвич, бина, озвучување, струја и се друго потребно, сумата е значително поголема.
Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра“, се вели во соопштението.