Русија повеќе не е партнер на Алијансата, туку закана за мирот и стабилноста, изјави Столтенберг
Учесниците на претстојниот самит на НАТО во Мадрид ќе објават дека Русија повеќе не е партнер на Алијансата, туку „закана за мирот и стабилноста“, изјави Јенс Столтенберг.
Според него, во новиот стратешки концепт на НАТО ќе се спомене и Кина, чие зајакнување претставува предизвик за интересите, вредностите и безбедноста на НАТО.
Столтенберг претходно изјави дека новата стратегија на НАТО нема да ја гледа Русија како стратешки партнер. Русија е идентификувана како стратешки партнер во сегашната стратегија на Алијансата, усвоена во 2010 година.
Самитот на НАТО во Мадрид ќе се одржи на крајот на јуни.
Русија постојано укажува дека НАТО е фокусиран на конфронтација. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека натамошното проширување на Алијансата нема да донесе поголема безбедност во Европа и дека НАТО има агресивен карактер.