Свет

Британија: Подгответе се за долга војна

Велика Британија ја повикува светската заедница да се подготви за долга војна во Украина.

Додека премиерот Борис Џонсон, кој неодамна отиде во Киев ненадејно да изрази поддршка, ги предупреди лидерите дека може да ја ризикуваат „најголемата победа на агресијата во Европа од Втората светска војна“ – а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг посочи дека конфликтот во Украина може да трае со години. – сега главниот британски генерал пренесе драматична порака која крена бура во јавноста.

Генералот Сер Патрик Сандерс им рекол на своите војници да се подготват за битка и да ја поразат руската армија во европската копнена војна.

Сандерс, кој оваа недела ја презеде целата команда над британската армија, ги предупреди војниците дека „ние сме генерацијата што мора да ја подготви армијата повторно да се бори во Европа“, среде руската инвазија на Украина.

„Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата на армијата во сенката на копнената војна во Европа во која учествува континентална сила… Руската инвазија на Украина ја нагласува нашата примарна цел – да го заштитиме Обединетото Кралство со тоа што ќе бидеме подготвени за борба и победи во војните на копно“, рече Сандерс.

Според „Метро“, генералот Сандерс ќе предводи само мала армија од 73.000 војници, колку што се американските специјални сили. Сепак, тој вети дека ќе ја модернизира армијата за да може да се справи со меѓународните кризи. Сандерс рече дека британската армија ќе мора „да ја одврати руската агресија со закана со сила“.

To Top