(ФОТО) Стојанче се разочарал, малку му биле шегите


Дирекоторот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на социјалните мрежи објави дека е разочаран.
Ангелов вели дека очекувал повеќе шеги на негова сметка во врска со санираниот мост во Драчево.
„Очекував барем десетина смешни мемиња, симпатични досетки и шеги со мене и санираниот мост пред Драчево но нема ниту една.
Изгледа не е толку инспиративно, забавно и смешно кога благодарение на мојот начин и “сејфти фрст” брзо и успешно ќе се отстрани некоја голема опасност“, вели Ангелов.
Граѓаните реагираа, велат дека е ставен на сериозна позиција и треба да работи, оти поминато е времето за шали.
„Тоа не е нешто со кое што треба да се рекламираш, туку треба да се срамиш што во 2022 година мора медиумски да се реагира за една дупка да биде санирана“, „Тешко на државата со функционери кои сакаат да бидат во мемиња!!!!“, „Кажи до кај е работата со авионите за гаснење пожар, пола источна Македонија изгоре лани од шо немаше со шо да гасите, не туку се прај интересен“, се само дел од коментарите под објавата на Ангелов.
