„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Густ чад и силен ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јасен! „Пожарите се подметнати“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
stojance-angelov1

Густ чад го оневозможува гаснењето од воздух на пожарот во ловиштето „Јасен“, кој четврти ден се обидуваат да го стават под контрола екипи со хеликоптери, ер трактори и припадници на Армијата и МВР. Во текот на ноќта успеаја да изгаснат една од линиите над патот и да спречат огнот да навлезе во боровата шума.

— реклама —

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пламените јазици зафаќаат стрмни и тешко пристапни делови, каде што на одредени места човечкиот пристап е невозможен. Утрово повторно се активира дел од пожарот на сртот, каде што се испратени екипи за да го запрат ширењето.

„Од долната страна на патот, од капијата на ‘Јасен’ кон езерото Козјак, состојбата е многу лоша. Има густ чад и видливоста е мала, особено за леталата, па затоа не можеме да дејствуваме од воздух. На терен, покрај екипите на АРМ и МВР, има и тимови од ‘Јасен’ и ‘Национални шуми’, повеќе специјални возила и цистерни, а од вчера помагаат и пожарникари од Кавадарци со две возила,“ изјави Ангелов.

— реклама —

Освен во „Јасен“, активен пожар има и во општина Сарај, од селото Радуша кон Дворце, каде што гори ниска вегетација. Во моментот не е закана, но може да се прошири кон планината Жеден. Во атарот на селото Крапа, во Македонски Брод, гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Во последните 24 часа се регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Ангелов посочува дека дел од пожарите се подметнати, бидејќи бројот од вчера повторно е многу висок, а дополнителен проблем претставува и силниот ветер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања