AirBaltic прави голема промена во плановите: Флотата од 54 ќе падне на 36 авиони
Латвиската авиокомпанија AirBaltic најави значително намалување на својата флота, со што прави голем пресврт во однос на претходните планови за брзо проширување.Според новиот деловен план, до крајот на 2026 година компанијата планира да располага со 36 авиони Airbus A220-300, во споредба со сегашните 54 летала. Тоа значи намалување од 18 авиони, односно за околу една третина.Намалувањето нема да биде трајно. Според плановите, флотата би започнала постепено да расте од 2028 година – на 37 авиони
Свет | пред 2 седмици