Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Аналитичарка предупредува: Авионските билети ќе поскапат поради кризата во Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Патниците во авионскиот сообраќај треба да се подготват за повисоки цени на билетите во наредните месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга, предупреди Амрита Сен, основач и директор на аналитичката компанија „Енерџи аспектс“.

— реклама —

Говорејќи пред буџетскиот одбор на британскиот парламент, таа оцени дека станува збор за „најголемото нарушување во историјата на енергетските пазари“, пренесе „Скај њуз“.

Иако ценовните шокови засега не достигнале нивоа какви што беа забележани по руската инвазија врз Украина, Сен нагласи дека најсилно погоден е пазарот на авионско, односно млазно гориво.

— реклама —

„Навистина е лудо што се случува на пазарот на гориво“, изјави таа, појаснувајќи дека голем дел од производството се одвива на Блискиот Исток и во Азија, а побарувачката тешко може да се задоволи од други извори.

— реклама —

Според неа, поради тоа што суровата нафта не може нормално да се транспортира преку Ормускиот теснец, кој во моментот е премногу опасен за пловидба, се намалува и производството на авионско гориво што зависи од тие испораки.

Поради ваквите околности, таа очекува значително зголемување на цените на авионските карти во наредниот период.

— реклама —

„Апсолутно треба да очекуваме повисоки цени на авионските билети барем во следните неколку месеци“, предупреди Сен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Европскиот воздушен сообраќај руши рекорди, регистриран најголем број летови во историјата

Патувања | пред 3 седмици

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Шефот на Рајанер предупредува: Ќе има банкроти ако горивото остане скапо

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Скапото гориво ги крева цените: авиобилетите остануваат високи и без оглед на падот на трошоците

Свет | пред 3 месеци

media-library74bs01udvqn79mODa0S

ЕУ предупредува за пад на залихите на авионско гориво: Многу летови ќе бидат откажани, а авионските карти значително поскапи

Патувања | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања