Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Бран дојави за бомби во Европа: авиони пренасочувани, активирани безбедносните служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Свет
avion

Серија дојави за поставени бомби предизвика вонредни безбедносни проверки и промени во воздушниот сообраќај во повеќе европски земји. Неколку патнички авиони биле пренасочени или проверени, а безбедносните служби биле активирани на повеќе аеродроми, пренесуваат светските агенции.

— реклама —

Меѓу посериозните случаи е инцидентот со авион на ирската авиокомпанија „Ер Лингус“, кој летал од Даблин кон Рим. Поради закана со бомба, леталото било пренасочено кон воената воздухопловна база Евре, западно од Париз, каде што безбедно слетало. Во авионот имало 151 патник и шест членови на екипажот, кои биле евакуирани додека специјализирани екипи вршеле проверки.

— реклама —

Во Бугарија, три авиони што летале кон Софија биле опфатени со слични закани. Летовите од Копенхаген и Мадрид слетале во Софија, додека авионот од Лондон бил пренасочен кон Пловдив.

Безбедносни закани биле пријавени и на летови поврзани со Италија. Авион на „Финер“, кој летал од Хелсинки кон Рим, бил придружуван од италијански воени авиони и безбедно слетал на планираниот аеродром. Летот на „Виз ер“ од Милано кон Варшава, пак, бил пренасочен кон Виена.

— реклама —

Овие инциденти се надоврзуваат на серијата закани што го нарушуваат европскиот авиосообраќај во последните денови. Во вторникот најмалку седум авиони биле подложени на безбедносни проверки по дојави за експлозивни направи. Некои летови биле пренасочени, а во одредени случаи биле ангажирани и воени авиони.

— реклама —

По извршените проверки не биле пронајдени експлозивни направи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Воздушен хаос во Европа по серија дојави за поставени бомби во авиони

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

AirBaltic прави голема промена во плановите: Флотата од 54 ќе падне на 36 авиони

Свет | пред 2 месеци

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Европскиот воздушен сообраќај руши рекорди, регистриран најголем број летови во историјата

Патувања | пред 3 месеци

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Шефот на Рајанер предупредува: Ќе има банкроти ако горивото остане скапо

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања