Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

И по отворањето на Ормутскиот теснец: млазното гориво ќе се нормализира дури по неколку месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
avion

Залихите и цените на млазното гориво нема да се вратат брзо во нормала, дури ни ако Ормускиот теснец повторно се отвори. Ова го оцени генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA), Вили Волш, укажувајќи дека е потребен подолг период за стабилизација на пазарот по серијата нарушувања во снабдувањето.

— реклама —

Според Волш, клучниот проблем не е само протокот низ стратешкиот морски коридор, туку и нарушувањата во работата на рафинериите на Блискиот Исток, што го отежнува обновувањето на резервите. Тој нагласи дека е тешко прецизно да се процени колку време ќе треба за опоравување, но дека процесот „нема да се случи брзо“ и дека не станува збор за прашање на неколку недели.

— реклама —
— реклама —

Во истиот контекст, германската влада предупреди дека цените на горивата во земјата нема да паднат брзо и покрај двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец. Од Берлин порачаа дека, иако примирјето е позитивен сигнал, очекувањата мора да бидат реални поради можните застои и постепеното враќање на логистичките ланци во вообичаен ритам.

Според германската проценка, дури и откако бродовите повторно ќе почнат да минуваат низ Ормутскиот теснец, ќе бидат потребни дополнителни три до шест недели за стоката да пристигне во Европа и новите количини физички да се појават на пазарот. Тоа, како што посочуваат, значи дека краткорочен, значаен пад на цените на горивата не треба да се очекува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 11 час

— реклама —
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот останува со иста цена

Македонија | пред 4 дена

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата од полноќ: бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот поскапува за 2 денари

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Фицо: Европа има големи проблеми со нафтата и горивото

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања