Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Руска нафтена компанија со ограничувања за гориво: На градските пумпи ќе се точат до 30 литри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Свет
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Руската нафтена компанија „Росњефт“ воведува ограничувања за продажба на гориво на своите бензински пумпи во повеќе региони низ Русија, соопшти Министерството за економски развој на Забјакалскиот крај.

— реклама —

Според информациите на Министерството, на бензинските пумпи во градските подрачја ќе може да се купат најмногу 30 литри гориво, додека на пумпите лоцирани покрај автопатиштата ограничувањето ќе биде до 50 литри, пренесува порталот „Медуза“.

Ограничувања за испорака на бензин и дизел-гориво се воведени и на бензинските пумпи на „Росњефт“ во Краснојарск.

— реклама —

Компанијата вовела ограничувања и во Карелија, каде што, според соопштението на регионалниот гувернер Артур Парфенчиков, е забрането точење гориво во канистри.

— реклама —

Во изминатите месеци неколку руски рафинерии за нафта на „Росњефт“ беа цел на напади со украински беспилотни летала.

На крајот на октомври беше нападната рафинеријата „Новокујбишевск“ во Самарската област, а на 31 октомври мета беше рафинеријата „Башнефт-Новоил“ во Уфа. На 5 ноември беше нападната и рафинерија во Рјазањската област.

— реклама —

Според информациите на „Блумберг“, раководството на „Росњефт“ смета дека продолжувањето на војната со Украина уште неколку месеци може да предизвика долгорочна штета врз работењето на компанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Големо поевтинување на горивата: бензините поевтини за 7 денари, а дизелот за 5,5 денари

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ поскапуваат горивата: бензинот за два денари, дизелот за еден денар

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 1 седмица

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот останува со иста цена

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања