Промени тема
Контакт

Се запали авион со повеќе од 400 патници во него: Лет за Париз прекинат по експлозии на моторот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o
Unsplash / илустрација

Авион на Ер Франс, кој сообраќал на линијата од Фор-де-Франс кон Париз, бил принуден да се врати на аеродромот само неколку минути по полетувањето, откако се запалил десниот мотор, јавуваат француските медиуми.

— реклама —

Инцидентот се случил во ноќта на 21 февруари, кога авионот „боинг“ на летот АФ895, по само една минута во воздух, пријавил проблем со десниот мотор. Според информациите, моторот почнал да вовлекува течност, што предизвикало нарушена циркулација на воздухот, неправилно согорување и видливи експлозии.

— реклама —

Сведоци од земја изјавиле дека слушнале детонации веднаш по полетувањето. Сепак, во инцидентот нема повредени лица.

— реклама —

Како што пренесуваат локалните медиуми на Мартиник, екипажот на леталото, во кое се наоѓале 469 патници, го забележал проблемот во фазата на почетно искачување. Пилотот Ришар Рекли изјавил дека веднаш бил активиран протоколот за итно враќање, по што авионот безбедно слетал на истиот аеродром од кој полетал.

Патниците биле пренасочени на друг лет, а надлежните служби започнале постапка за утврдување на причините за техничкиот дефект.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 дена

— реклама —
media-librarybod9lccgpmi76I9B9GO

(Видео) Воен авион со 32 лица се урна во Нигерија, на местото на несреќата пронајдени делови од тела

Свет | пред 5 дена

media-library1mup20ngltkm0Dy3YDD

(Видео) Снимка од копилот кој со секира го нападнал капетанот и се обидел да го преземе авионот

Свет | пред 1 седмица

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Ирак одобри до 40 летови дневно од Иран, една авиокомпанија исклучена по барање на САД

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања