Македонија

РКЕ ја одзема лиценцата на БЕГ, Беслимовски тврди дека скопјани нема да останат без парно

Одржана е главна седница на која РКЕ донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност, производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски.

„Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ, и од оваа компанија имаме најава дека во следниот период ќе поднесе и барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки. За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја извстивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлинска енергија по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Бислимовски појасни дека скопјани нема да останат без парно.

-Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, вели првиот човек на Регулаторна.

Лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.

Бислимовски посочи дека ако има природен гас, нема да има проблем во снабдувањето со топлинска енергија.

На почеток