Македонија

(ФОТО) Се бара итна дискусија за барањата од Бугарија веќе утре, затоа што задутре можело да биде предоцна

Пратеникот Антонио Милошоски бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да му ги достави протоколот и преговарачката рамка поврзани со барањата од Бугарија. Тој бара истите во текот на денешниот ден да бидат доставени до него.

„По доставувањето на овие два битни документи, утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика бидејќи задутре кога се одржува седница на Советот на ЕУ може да биде и предоцна. Седницата на комисијата заради големиот интерес предлагам да биде отворена за јавноста. Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи и дискутира на темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“, им напиша Милошоски во барањето.

На почеток